Почнувајќи од самото основање на ПИНА, организацијата посветено ги следи проблемите и предизвиците кои ги засегаат новинарките во нашата земја, што продолжува да биде во фокусот и на ова фестивалско издание. На 23 септември во Кинотека премиерно ќе биде прикажан краткиот документарен филм на ПИНА „Опасна мрежа" и ќе биде презентирана публикацијата „Од нормализација до самоцензура" за онлајн вознемирувањето на новинарките во земјата.
Ова е прва публикација на ПИНА и истата претставува темелно истражување и анализа во која беа анкетирани над 100 новинарки од домашната медиумска сцена, со цел да се соберат нивните искуства за влијанието на онлајн вознемирувањето врз нив и нивната работа.
Автор: Катерина Топалова
Продуцент: Кристина Озимец
Продукција: ПИНА, Скопје, 2022
Гледај онлајн тука.


