Бестрашна наспроти вооружените војници, политичарите што избегнуваат одговори и полицијата за разбивање демонстрации, Ејми Гудман известувала за некои од најзначајните настани на нашето време. „Украдете ја приказнава, ве молам!“ е сведоштво за пионерката на новинарството, чија непоколеблива посветеност на пренесувањето на вистината трае веќе три децении исполнети со бурни историски настани. Од првите борбени линии на глобалните конфликти до организираниот хаос во нејзината секојдневна информативна емисија Democracy Now!, Гудман им дава простор на приказните и гласовите што премногу често се замолчувани од комерцијалните медиуми.
Режисерите и продуценти Карл Дил и Тија Лесин, кои имаат номинација за наградата „Оскар“ ( Trouble the Water, Citizen Koch, The Janes), нè воведуваат во животот на една духовита внука на православен рабин – воспитана во традиција на поставување тешки прашања – додека таа се движи низ медиумскиот пејзаж, пејзаж што е е променет поради влијанието на технологијата, корпоративната консолидација и политичките напади врз новинарството и врз самата вистина. Важен, провокативен и неочекувано духовит, филмот „Украдете ја приказнава, ве молам!“ е истовремено повик за акција и прослава на отпорот, филм кој го поставува прашањето: што се случува со демократијата кога медиумите ќе престанат да ја преиспитуваат моќта?
Режија и продукција: Карл Дил и Тија Лесин
Монтажа: Мона Дејвис
Музика (композиција и изведба): Зои Китинг
Продуценти: Карен Ранучи, Дајана Кон, Карен Спруч
Извршни продуценти: Доминик Браво, Џули Коен, Росарио Досон, Џејн Фонда, Бил Хејни, Џонатан Логан, Стив Силберштајн, Том Морело, Тони Табатзник
Коизвршни продуценти: Џулија Денгел, Џонатан Опенхајм

