Робин е бремена, но не сака да стане мајка. Катерина и Гаиа се сингл, но сакаат дете. Кики боледува од неизлечива болест и сака нејзиниот живот достоинствено да заврши. Постапките до кои се надеваат дека ќе добијат пристап – абортус, ин витро оплодување и еутаназија – се достапни и легални во соседните земји, но не и во нивната. Поради тоа, тие прибегнуваат кон таканаречен „медицински туризам“. Преку средби со оние кои ги бранат правата на телесна автономија и многу од нивните противници, „Залутани тела“ ве води на патување низ Европа, каде животот и смртта демнат зад секој агол.