ГЛЕДАЈ БЕСПЛАТНО ТУКА
СИНОПСИС
Филмот го следи патешествието низ сеќавањата на антифашистичката хероина Соња (97), една од првите партизанки во Југославија, која беше една од водачите на движењето на отпорот во Аушвиц. Како што Соња зборува, така ние патуваме низ пејзажите на нејзината револуционерна младост, онакви какви што се денес – српските шуми и планини каде што се собирале партизаните, како и калта и безборојните оџаци на Аушвиц – кон нејзиниот минијатурен белградски стан каде што таа живее со својот сопруг и мачка. Бидејќи Соња е одличен раскажувач, способна да раскажува за настани во минатото без ретроспектива, таа не пренесува директно во таа чудна атмосфера и начин на размислување што му предводи на раѓањето на антифашистичкиот отпор. Ја следиме нејзината приказна како патува низ времето кон телата на новите генерации, пренесувајќи ја пораката дека секогаш може да се размислува и практикува отпор.