„Пластично фантастично“ внимателно ја истражува глобалната криза на загадувањето со пластика, откривајќи ја повеќеслојноста на проблемите, но и укажувајќи на можни решенија.
Додека пластиката го проголтува светот, „Пластично фантастично“ ги обелоденува последиците од неуморното производство, лажната загриженост и празните ветувања на големите компании.
Исклучително информативниот климатски документарец истовремено е и топол филм за човековите судбини и надежи под товарот на микропластиката.
„Пластично фантастично“ ќе се прикажува на 22 ноември во 17 часот во Котур


