Фрустрирани од недостатокот на жени и расни малцинства во медиумите, како и од доминацијата на белите мажи во редакциите, во 2020 година, мотивирана група жени и ЛГБТК+ новинари се здружија со цел да го нарушат статус квото и да ја лансираат дигиталната платформа за вести The 19th* News.Со седиште во Остин, Тексас, овој стартап е именуван по 19-тиот амандман, кој им го дало правото на глас на жените, но со ѕвездичка за да ги признае црномурестите жени и жените од расни малцинства кои биле исклучени. Работата на The 19th* News се води според значењето на ѕвездичката – која прашува кој е занемарен во приказната и како тие може да бидат подобро вклучени.