ЗА НАС

Шестото издание на Медиумскиот Фестивал Скопје ќе се одржи од 22 до 24 септември во Кинотека на Македонија како и онлајн со фокус на животната средина. Ги разгледуваме актуелните прашања што не опкружуваат, од климатската вонредна состојба која ги погодува сите на планетата, до бетонизацијата на зелените површини во нашите градови, новинарството посветено на екологија и други важни ,,зелени” теми.
Како и секоја година, ПИНА повторно на фестивалот дава значаен простор за темите посветени на опасностите во новинарската работна средина. Значаен дел од програмата ќе биде посветен и на онлајн вознемирувањето со кое се соочуваат новинарките во нашата земја, преку презентација на резултатите од последната анализа која ја изработивме во која анкетиравме преку 100 новинарки од домашната медиумска сцена, заедно со најновиот краток документарец посветен на темата.
Планирани се и повеќе дискусии, работилници и филмови посветени на разни теми важни за новинарството, медиумите и граѓанското општество.