ЗА НАС
Деветтото издание на Медиумскиот Фестивал Скопјe ќе се одржи од 22 до 24 декември под мотото „ВИ и медиумите”.
Дали вештачката интелигенција ќе ѝ помогне на вродената љубопитност? Каде ѝ е местото на ВИ во редакциите кај нас и во светот? На 9. издание на медиумскиот фестивал природно разговараме за колегијалноста на вештачката интелигенција во новинарските кругови, разгледувајќи го јазот меѓу етичките дилеми и зголемената продуктивност.
Оваа година, Медиумскиот Фестивал Скопјe покрај панел-дискусиите нуди и внимателно избран филмски репертоар од импресивни документарни филмови, како и практични работилници за млади новинари, студенти и сите медиумски професионалци кои сакаат да ги подобрат своите новинарски и медиумски вештини.
Фестивалот во организација на ПИНА ќе се одржи во КОТУР, а сите настани се бесплатни и отворени за јавноста.