Ивана Настеска е дипломиран новинар на државниот Правен факултет во Скопје и активно работи од 2009 година. Работела во повеќе домашни печатени новински изданија како „Форум“, „Дневник“, „Независен весник“. Во текот на кариерата работела и во новинаската агенција „Макфакс“, порталите „Телеграф“, „360 степени“, платформата за анализи и истражувања „ПИНА“, како и дигиталниот медиум „Види Вака“. Во почетоците на своето работење известуваше за случувањата од областа на културата, а подоцна кариерата ја продолжи со следење на граѓански теми и теми од областа на политиката. Има завршено повеќе новинарски тренинзи како „Young journalists network“, „Alfred Friendly Press Partners“, како и обуката на германската организација за истражувачко новинарско „CiFAR“ во Берлин. Во 2020 година ја доби наградата „Гласник на невидливите“ за најдобра мултимедијална сторија објавена на „Види Вака“. Од 2021 година е дел од тимот на Истражувачката репортерска лабораторија.