Архиви: Говорници

АНА ПАУЛА ВАЛАКО

Ана Паула Валако е менаџерка на програмата и раководителка за вклученост во JournalismAI, иницијатива на Полис – новинарскиот тинк-тенк при Лондонската школа за економија (LSE). Магистрирала новинарство, медиуми и комуникации на Универзитетот во Кардиф. Со позадина во политички науки и новинарство, работела во маркетинг секторот на Google Аргентина и како координаторка за институционален развој во …

АНА ПАУЛА ВАЛАКО Read More »

ДАНИЕЛ ВАСИЛЕВ

Даниел Василев е новинар со над седумгодишно искуство во медиумскиот простор. Моментално работи како репортер во Телевизија Сител, а неговото портфолио вклучува ангажмани во истражувачка емисија, онлајн медиуми и радио. Тој е долгогодишен соработник на ПИНА, уште од првиот состав на надворешни соработници.

МАРИНА ТУНЕВА

Д-р Марина Тунева е независна консултантка за стратешки комуникации и медиуми, како и вонредна професорка на Институтот за комуникациски студии во Северна Македонија. Марина е доктор на науки во областа на односите со јавноста и интеркултурализмот, магистер по ИТ и дипломатија, магистер по мир и развој и дипломиран новинар. Во 2021 година се стекнува со …

МАРИНА ТУНЕВА Read More »

АНТОНИЈА ЈАНЕВСКА

Антонија Јаневска започнува да работи како новинарка по првата година студии по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку учество на обука за визуелизација на податоци и пракса во Мета.мк. Работи на покривање на дневни вести како и теми и истражувања од интерес за младите. Таа е добитничка на …

АНТОНИЈА ЈАНЕВСКА Read More »

РИСТО САВЕСКИ

Активен учесник во граѓанското општество, на национално и меѓународно ниво. Неговото ангажирање се состои од активности и истражувања кои придонесуваат за поактивни млади, позитивен мир и меѓукултурен дијалог. Интензивно е вклучен во активности за медиумска писменост за младите.

ГОЦЕ ТРПКОВСКИ

Гоце Трпковски е новинар со повеќе од 20-годишно искуство. Има работено како новинар и уредник во дневните весници „Време“ и „Нова Македонија“, а од 2018 година е член на редакцијата на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) во Македонија, како истражувачки новинар и репортер. Од 2023 година е вклучен во следење и известување за дигиталните права …

ГОЦЕ ТРПКОВСКИ Read More »

МАТЕЈ ТРОЈАЧАНЕЦ

Матеј Тројачанец е докторски студент по психологија, истражувач и новинар, вработен во Фондација Метаморфозис, во сервисот за проверка на факти Вистиномер. Со долгогодишно истражувачко искуство, како во државата, така во регионот и пошироко, во фокус главно му се социјалните науки и општествено-ангажираните прашања. Кога станува збор за дезинформациите и справувањето со истите, тој ја испитува …

МАТЕЈ ТРОЈАЧАНЕЦ Read More »

ДЕНИЦА ЧАДИКОВСКА

Деница Чадиковска е новинарка и уредничка за комуникации во Истражувачка Репортерска Лабораторија – ИРЛ, каде работи на развој на иновативни медиумски продукти и стратегиска комуникација. Од 2023 година е и водителка на поткастот Разговор во Редакција. Пред да се приклучи на ИРЛ, работела во КРИК, социо-културна емисија за млади, и во Алтер Сцена, проект посветен …

ДЕНИЦА ЧАДИКОВСКА Read More »

БОЈАН СТОЈКОВСКИ

Бојан Стојковски е фриленс новинар кој повеќе од една деценија обработува теми од областите на технологијата и бизнис во земјите од западниот Балкан и централна и источна Европа. Во моментов е главен уредник на IT.mk и неговото регионално издание IT Logs, а негови стории се објавувани во глобални медиуми како што се Foreign Policy, Wall …

БОЈАН СТОЈКОВСКИ Read More »

МАЈА БЛАЖЕВСКА ЕВРОСИМОСКА

Маја Блажевска Евросимоска повеќе од 20 години работи како новинарка во домашни и меѓународни медиуми. Последните 14 години била уредничка и дописничка во регионалната телевизија Ал Џазира Балканс. Претходно е дел од македонската редакција на Светскиот сервис на БиБиСи. Докторирала комуниколошки науки на Универзитетот во Сараево.