Архиви: Говорници

МАРТА СТЕВКОВСКА

Марта Стевковска е новинарка, авторка, феминистка и активистка за родова еднаквост со повеќе од 12 години искуство. Како посветена специјалистка за комуникации и координаторка на проекти во Мрежа Стела, таа успешно ги води комуникациите, креирањето содржини и односите со јавност со фокус на истражување, креативност и родово сензитивен пристап. Марта е длабоко посветена на ширење …

МАРТА СТЕВКОВСКА Read More »

НАТАША ГРКОВА ПЕТРУШЕВСКА

Наташа Гркова Петрушевска – новинар, репортер, уредник, водител и медиумски истражувач со повеќе од 25 години професионално искуство во Македонската радио телевизија. Позната по својот иновативен и аналитичен пристап кон медиумските прашања, силната заложба за транспарентност и континуираната работа на подобрување на положбата и видливоста на жените во новинарството во Македонија. Во својата кариера обработува …

НАТАША ГРКОВА ПЕТРУШЕВСКА Read More »

ЛОРАН БАЈРАМИ

Лоран Бајрами (1995) е роден во Скопје. Дипломиран филмско режисерство на Универзитетот Анадолу во Ескишехир, Турција. По завршувањето на студиите се враќа во Скопје и се вработува во тимот на Види Вака, каде што веќе 5 години е одговорен за визуелниот идентитет на медиумот. Во овој медиум во тесна соработка со новинарската екипа учи како …

ЛОРАН БАЈРАМИ Read More »

СТЕФАНИ МАНЕВА

Стефани Манева е дипломирана новинарка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. По дипломирањето хонорарно била ангажирана како новинарка во регионалниот веб-портал „Дума.мк“ со седиште во Велес, каде што работи и денес. Во порталот покрива дневни настани, но со особено внимание се посветува и на подготовка на истражувачки приказни. Таа беше дел и од Програмата …

СТЕФАНИ МАНЕВА Read More »

ЛАУРА СТОЈАНОВА

Лаура Стојанова дипломирала на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип на програмата новинарство и односи со јавност. Моментално е ангажирана како главна одговорна уредничка и новинарка во „М-Нет“ – Штип.

ДУШИЦА МРЃА

Душица Мрѓа е дипломирана новинарка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со повеќе од десет години искуство како уредничка во Телевизија 24. Со квалификации и разнолико искуство во обуки и семинари, таа има експертиза за медиумите и правосудството, уставното право и процесот на проширување во ЕУ. 

ДЕЈАН АЛЕКСОВ

Дејан Алексов, управувачки партнер и адвокат во Адвокатско друштво АЛМЕ со 10+години работно искуство со ИТ и стартап компании.  Во 2023 избран за go-to-tech lawyer во земјава, од страна на Recursive. Автор на Ит.мк, ко-основач на Стартап Македонија.

МАРИНА КОСТОВА

Марина Костова е наградувана новинарка и филмска критичарка. Заменичка-главен уредник е на Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК (www.sdk.mk). Добитничка е на највисоката државна награда за новинарство и публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“. Беше помошничка-главен уредник на дневниот весник „Вест“. Потпретседателка е на Меѓународната федерација на филмски критичари (ФИПРЕСЦИ) и претседателка на Македонската секција. Учествува во жирија, меѓу кои и …

МАРИНА КОСТОВА Read More »

ЛИНДИТА СЕЛА

Со седиште во Албанија, Линдита Села се приклучи на OCCRP во 2019 година и е истражувачка новинарка. Претходно, таа беше истражувачки известувач повеќе од 15 години за медиуми како што се Balkan Insight и Balkan Investigative Reporting Network, како член на OCCRP. Таа беше добитничка на CEI SEEMO наградата за исклучителни заслуги во истражувачко новинарство …

ЛИНДИТА СЕЛА Read More »

ДАНИЕЛ ВАСИЛЕВ

Даниел Василев е новинар репортер во Сител Телевизија и Платформата за истражувачко новинарство и анализи (ПИНА) со 8-годишно новинарско искуство. Работи на општествени теми, главно на корупција, владеење на правото, градски, но и економски теми. Освен работното искуство, процесот за дообразување го поминал и на повеќе обуки за мобилно новинарство, мултимедија, истражувачко новинарство и други.