Југослава Дуковска е новинар и граѓански активист. Дипломирала на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје во 1989 година. Нејзините професионални почетоци се во Македонска Телевизија како студент, во 90-тите работи во „Нова Македонија“, „Македонија денес“ и неделникот „Денес“, во „Актуел“, а потоа во агенцијата „МЕТА“, и „Слободен Печат“.
На почетокот на кариерата била фокусирана на внатрешно-политичките теми, за подоцна да се посвети на истражување и пишување за екологијата, посебно за поврзаноста на политиката со загрозувањето на здравата животна средина и природните реткости. Како планинар и љубител на природата, активно е вклучена во повеќе иницијативи за заштита на животната средина во земјата.