Дискусијата ќе се фокусира на начинот на кој медиумите и новинарството покриваат прашања како што се правата на бегалците, мигрантите, лицата без државјанство и барателите на азил. Можеме ли да направиме повеќе за да ја подигнеме свеста за овие прашања? Дали мејнстрим медиумите даваат доволно простор за покривање на приказни од ваков вид? Што можат новинарите да направат за да ја подобрат медиумската средина, за да биде поинклузивно покривањето на важни теми од овој тип? Ова се само дел од прашањата за кои ќе разговараме на овој настан.
ДАТУМ: петок, 23 септември | 12:30
МОДЕРАТОР: Милка Смилевска
ГОВОРНИЦИ: Христина Ѓоргиевска, Сунаи Сабриоски, Кристина Озимец
Активноста е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

