Може ли вештачката интелигенција да се регулира и како тоа би изгледало во македонски контекст? Во оваа дискусија се отвора прашањето за законските рамки, етичките стандарди и транспарентноста при користење на ВИ во медиумите, како и за влијанието врз авторските права, заштитата на личните податоци и довербата на јавноста.
Разговорот ќе ги поврзе регулативите во Македонија со европските и меѓународните практики, со посебен акцент на справувањето со дезинформации, deepfake содржини и брзиот развој на ВИ алатки. Каква е улогата на медиумската писменост и етичкото новинарство како нераскинливи сегменти во оваа нова реалност, но и каква одговорност ќе имаат медиумите на долг рок во ера на сè понапредни и убедливи ВИ-содржини.
ДАТУМ: Среда, 24 декември | 19:00
МОДЕРАТОР: Даниел Василев
ГОВОРНИЦИ: Дејан Алексов, Марина Тунева, Ристо Савески, Матеј Тројачанец
