Што всушност потпишуваме кога прифаќаме новинарски ангажман? Дали договорот нè штити или крие стапици што можат скапо да нè чинат? На оваа работилница, ќе ги отвориме прашањата за работничките права, различните форми на новинарски ангажмани, хонорарите, даноците и придонесите, како и за правната заштита на новинарите од притисоци, напади и SLAPP-тужби. Ќе зборуваме за спорните договорни клаузули, дискриминацијата и несигурноста на хонорарните ангажмани, но и за тоа како да ги препознаеме ризиците, да преговараме за подобри услови и да ги заштитиме своите права.
ДАТУМ: Четврток, 19 ноември | 17:30
ВОДИТЕЛКА НА РАБОТИЛНИЦАТА: Маја Атанасова
Пријавете се за работилницата на следниов линк: https://forms.gle/KsaQcoUiYhGzp5sR7
