ЗА НАС
Осмото издание на Медиумскиот фестивал Скопје ќе се одржи од 26 – 28 ноември и е посветено на локалното новинарство. Фокусирајќи се на основната градбена клетка на новинарството – локалното известување, на овогодишниот МФС ќе се дискутира за прашања што ги засегаат медиумските работници ширум Македонија.
Покрај дискусиите, фестивалските денови носат и филмски репертоар од впечатливи документарни остварувања кои покриваат различни аспекти од повеќеслојната новинарска задача, како и разни работилници за младите новинари.
Фестивалот во организација на ПИНА, ќе се одржи во КОТУР, а како и секогаш настаните се бесплатни и отворени за сите заинтересирани.